Технокомерц со загуба во второто полугодие

Технокомерц АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи изнесуваат 192,802 илјади денари и тие се за 8% намалени во споредба со вкупните приходи остварени во истиот период од 2024 година кога достигнаа износ од 209,928 илјади денари.

Од вкупните приходи 99,74% се приходи од продажба на производи и услуги, додека финансиските приходи учествуваат со 0,26%.

Вкупни расходи достигнаа износ од 210,370 илјади денари и тие се за 2 % намалени во споредба со расходите остварени во истиот период од 2024 година, велат од таму.

Друштвото за периодот остварило загуба од 17,568 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јавна опомена за Технокомерц од Македонската берза

Технокомерц ќе дели дивиденда од 50 денари бруто за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести