Тетекс во првото полугодие ја дуплираше добивката

Во првите шест месеци од годинава Тетекс АД Тетово остварил добивка од 16.602 илјади денари, а истиот период лани истата изнесуваше 7.928 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 32.212 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на постоечки залихи на готови производи и материјали.

За тековниот период во финансиските приходи од 21.328 илјади денари, се евидентирани приходите од учество во капиталот на придруженото друштво (ТТК Банка АД Скопје) и останати финансиски приходи, додека минатата година финансиските приходи изнесуваа 22.668 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 54.506 илјади денари во споредба со истиот период во 2024 година, кога изнесувале 50.966 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетекс влегува во градежен бизнис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести