Лани 80. општини и Градот Скопје склучиле вкупно 4.006 договори за јавни набавки во вредност од 190 милиони евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дури една четвртина од вкупната вредност на локалните тендери завршила кај само 10 фирми.
Првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавните набавки имаат удел во вкупната вредност на набавките од 25%.

Како и во последните две години, листата од првите 10 фирми со најголема вредност на тендери кај општините и во 2024 година ја предводи Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) Скопје, којашто има склучено 42 договори со 38 општини и Градот Скопје, со вредност на договорите од 500 милиони денари, односно околу 8,1 милиони евра.
На второ место е компанијата Фабрика Карпош АД Скопје со склучени 10 договори во вредност од 360 милиони денари, односно околу 5,9 милиони евра. Станува збор за договори склучени за санација на улици, изградба на фискултурна сала, детска градинка и сл.
На трето место е Џовани Компани Ново Село. Со оваа фирма општините склучиле вкупно 10 договори во вредност од 336 милиони денари или 5,5 милиони евра. Седум од договорите ги склучила фирмата ги склучила со Општина Босилово и три со Општина Струмица.
-Кога станува збор за поединечните договори, најголемиот поединечен договор за јавна набавка склучен од страна на единиците за локална самоуправа во 2024 година е оној на Општина Струмица со Џовани Компани Ново Село во вредност од 279 милиони денари, односно 4,5 милиони евра, за изградба на нов градски пазар, стои во истражувањето.
Вториот тендер по големина во 2024 година е склучен од Град Скопје, и тоа во вредност од 200 милиони денари (3,3 милиони евра) за набавка на електрична енергија со фирмата Енерџи Деливери Солушнс.
Третиот според вредност тендер на локално ниво е на Општина Аеродром, склучен со друштвото за градежништво и трговија Жикол ДООЕЛ експорт импорт Струмица, за набавката за доградба на ООУ Блаже Конески, во вредност од 197 милиони денари, односно 3,2 милиони евра.
-Кај дури 13 општини една фирма има удел во набавките на општината повеќе од 50%.
Локалните самоуправи кај кои само една фирма има добиено половина од вкупните набавки на општината за 2024 година се: Желино Дојран, Врапчиште, Струмица, Бутел, Крушево, Старо Нагоричане, Зелениково, Липково, Могила, Арачиново, Босилово и Виница.
Кај половина од општините, третина од спроведените јавни набавки во 2024 година ги реализирала само една фирма, стои во истражувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ