(Фото) „Тоше те сакаме“ – емотивен културно-уметнички настан во чест на Тоше Проески

Со силни емоции, насмевки и искрена почит кон ликот и делото на Тоше Проески, вчера во аулата на ОУ „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром се одржа културно-уметничкиот настан „Тоше те сакаме“.

Настанот беше топла и достоинствена почит кон музичката и човечка големина на Тоше Проески, обединувајќи деца, млади, наставници, родители и граѓани околу заедничката порака дека споменот за Тоше живее и продолжува да инспирира.

Програмата вклучуваше музички настапи, изведби на песни од Тоше Проески, детски и ученички перформанси, како и изложбен и културен сегмент, преку кои на достоинствен и искрен начин беше оддадена почит на неговото трајно културно наследство.

На настанот настапија: Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Тамара Волческа, Владимир Поповски, Мартинијан Кириловски, Наде Талеска, Lili Acoustic и Васил Ангелов.

„Тоше те сакаме“ е иницијатива на жителите, а беше поддржан и ко-организиран од Општина Аеродром, во соработка со детските градинки и основните училишта од Општина Аеродром, како и со партнерите Lions in Move, Boemot и RVR Brend.

Влезот за настанот беше бесплатен, а сите учесници-музички уметници, изведувачи и партнери учествуваа доброволно и без финансиски надомест, со што целиот настан беше реализиран без финансиски трошоци, воден исклучиво од желбата за заедништво, култура и почит.

Настанот „Тоше те сакаме“ уште еднаш покажа дека споменот за Тоше Проески не е само минато, туку жива вредност што ги поврзува генерациите и ја негува хуманоста, музиката и љубовта како универзални пораки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести