Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денешните локални избори поминале во мирна, фер и демократска атмосфера, без ниту еден посериозен инцидент или нарушување на јавниот ред и мир.
Информираше дека гласањето започнало навреме на сите гласачки места, освен на 84., каде што имало технички проблеми и доцнење до два часа.
Биле регистрирани 29 прекини на гласањето, во траење од петнаесет до триесет минути, најчесто поради проблеми со уредите за идентификација.
Во Министерството за внатрешни работи (МВР) имало пријави за 91 настани поврзани со изборите, од кои најголемиот дел се однесувале на агитирање и можен поткуп, а дел на фотографирање на гласачко ливче.
-Во 42 од пријавените случаи постапките се завршени, а во најголем дел наодите не се потврдени, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 11 лица за поткуп, фотографирање или уништување на гласачко ливче
Фото: МВР