Трајан Димковски, поранешниот министер и заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е еден од петте осомничени во новиот случај за злоупотреби во Агенцијата за стокови резерви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен екс заменик министерот Трајан Димковски и уште четири лица: Детали од МВР
Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување. Основното јавно обвинителство ги товари дека доставиле неточни информации до Владата поради што е направен отпис на 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви, а штетата на буџетот е околу 780 илјади евра.
Осомничени во случајот се и поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, поранешен раководител во Агенцијата за стоковни резерви и вешто лице.
Кој е Димковски
Димковски беше избран за заменик-министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во септември 2020 година.
Тој е земјоделски инженер. Завршил насока лозаро-овоштарство на Земјоделскиот факултет.
Работно искуство и политичка кариера
Од јуни 2019 до август 2020 година беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Во март 2019 година станал раководител на секторот за рурален развој во МЗШВ.
Од јуни 2017 до март 2019 година беше шеф на кабинет на тогашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Од 15 ноември 2015 до 30 декември 2016 година беше посебен советник во кабинет на дополнителен заменик-министер Љупчо Николовски во МЗШВ.
Од јуни 2013 до март 2017 година беше претседател на Управниот одбор на Федерацијата на фармери.
Од август 2007 до февруари 2012 година беше извршен директор на Федерацијата на фармери.
Од април 2001 до јули 2007 година беше координатор на проектот Поддршка за земјоделски здруженија.
Од јуни 1996 до јули 2001 година бил менаџер во Здружението на земјоделски производи во Куманово.
Фото: Фејсбук/Димковски














