Американскиот претседател Доналд Трамп е популарен од неговиот руски колега Владимир Путин во Македонија, покажува најновото глобално истражување на Gallup International Association (GIA), кое опфати испитаници од 58 земји.
Трамп во земјава го подржуваат 48% од граѓаните, а Путин 41%.
Во Босна и Херцеговина поголема подршка има Путин, 39%, а Трамп, 33%.
Во Србија пак дури 67% од граѓаните имаат позитивно мислење за Путин, а за Трамп 26%.
Во Хрватска Путин има подршка од само 13% од граѓаните, а Трамп 23%.
Во Косово, подршката за Трамп е дури 61%, а за Путин негативната перцепција е 85%.
Папата Лав останува најпопуларниот светски лидер со висок позитивен рејтинг низ целиот свет, вклучително и во регионот.














