Американскиот претседател Доналд Трамп се повлекува од најавените царини од 10% за осумте европски земји, членки на НАТО, кои ги најави за од 1. февруари, оти земјите застанаа на страната на Данска за островот Гренланд, дел од Кралството Данска, кој сака да го преземе САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД воведе нови царини за осум европски земји, оти се на страната на Гренланд
Тој вчера изјави дека САД нема воено да интервенира во Гренланд, што претходно го спомнуваше како опција, а сега вели дека на повидок е “рамковен“ договор за Гренланд. Ако истиот се постигне, тој ќе се откаже од најавените царини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД нема да употреби воена сила за Гренланд, ама не се откажува од островот, кажа Трамп во Давос
За договорот кажа дека бил долгоречен, а истиот бил добар за безбедноста, поради што САД бара да го поседува островот, военото присуство на САД ќе се зголеми таму, а бил добар и за правата за користењето на ретките минерали кои ги има на Гренланд.
Трамп таму планира и изградба на систем за ракетна одбрана „Златна купола“, а договорот давал добра основа и за тоа прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?
Како Гренланд стана дел од Данска
Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД
Фото: Унсплеш














