Трготекстил малопродажба во првото полугодие со загуба

Трготекстил малопродажба АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил загуба од 26 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Лани за овој период Друштвото имаше добивка од182 илјади денари.

Во овој период Друштвото има вкупен приход од 3.741.000 денари и во однос на истиот период минатата година, тој е поголем за 5,11%.

Вкупните расходи изнесуваат 3.767.000 денари и истите се зголемени за 9,98%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести