Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески во интервју за „Трилинг“, најави дека трите најголеми банки во Македонија наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги.

Оваа следи откако претходно Народната банка неодамна направи промена во моделот на работење на системот за порамнување на меѓубанкарските плаќања – МИПС. Со воведувањето на нови правила и со намалувањето на трошоците за користење на овој систем, банките ќе остваруваат значителни заштеди.

„Со ова се создаде простор за пренесување на дел од тие заштеди кон клиентите, преку намалување на надоместоците – нешто што веќе го гледаме како резултат“, рече Славески.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести