Поранешниот директор на Управата за матични книги, Бујар Дардишта, кадар на опозициската ДУИ, е еден од уапсените во полициска акција, која почнала синоќа, јавија повеќе медиуми.
Полицијата ја спроведува акцијата по налог на Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), од каде ја потврдија истата, без многу детали.
Од таму велат дека имало претреси во Скопје и Куманово, поради “постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа“.
Акцијата без повеќе детали ја потврди и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Дардишта изминативе години извршуваше повеќе функции, а беше и управител во ЕСМ Дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје.
Фото: Управа за матични книги














