Уапсен и сопственикот на агенцијата за обезбедување во дискотеката „Пулс“, кој е осомничен за трагедијата во Кочани

Истрагата за пожарот во т.н. дискотека/кабаре „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 62, а беа повредени 203 лица се проширува и со сопственикот на агенцијата за обезбедување на имот и лица од Скопје, која ја обезбедувала истата, кој е уапсен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Александар Нацев е новиот осомничен во истрагата за пожарот во Кочани

Како што информираа од Основното јавно обвинителство и тој е осомничен за кривичното дело “Тешки дела против општата сигурност“, а вчера во врска со него бил извршен претрес на две локации во Скопје и во Пробиштип, и во неговиот автомобил.

Била одземена обемна документација поврзана со агенцијата и електронски уреди, а за него е побаран притвор.

Согласно доказите, тој раководел со деловниот потфат и целокупното работење на агенцијата, заедно со претходно осомничениот управител и со овластеното лице на подружницата во Кочани.

Агенцијата имала склучено договор со т.н. дискотека и во текот на 2025 година вршела обезбедување.

-Новиот осомничен во континуитет активно раководел со планот и начинот за давање на услугата обезбедување преку правното лице.

Заедно со осомничените кои биле ангажирани како обезбедување, спротивно на повеќе членови од Законот за приватно обезбедување, без каква било претходна безбедносна проценка и план за обезбедување, како и без проверка на условите за противпожарна заштита и опасност од пожари, без да извршат проверка по однос на сигурносните услови во кабарето од аспект на имот и лица, особено по опасност и можност за евакуација, во текот на вечерта кога настанал пожарот не контролирале и овозможиле влез на деца во објектот, не воделе грижа за преполнетоста на капацитетот за посетители во објектот, не спречиле внес и користење на експлозивни материи – пиротехнички средства од членовите на музичката група, со кои бил предизвикан пожарот, поради што настапила смрт кај 62 лица, со тешки телесни повреди се здобиле 157 лица, а со телесни повреди се здобиле 54 лица, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден е во тешка состојба: 12 повредени во пожарот во Кочани се уште на болничко лекување

Осомничен и сопственикот на објектот во кој работела дискотеката „Пулс“ во Кочани: Истрагата за пожарот се проширува

Сашка Кузманова прави перики за повредените во пожарот во Кочани

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести