Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека три лица се уапсени во врска со вооружената престрелка помеѓу лица во две возила во Тетово, во која едно лице е убиено, а четворица се повредени, помеѓу кои и малолетничка и случаен минувач.
„Во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, ве известуваме дека лишени од слобода се три лица.
При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско пронајдени се предмети кои се од интерес на истрагата. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката.“, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во каква здравствена состојба се повредените од престрелката во Тетово, во која загина и едно лице