Повеќе медиуми јавија дека денеска бил уапсен сопственикот на компанијата Марковски компани ДООЕЛ Битола, Борче Марковски од Битола, кој воедно е и почесен конзул на Белорусија во Македонија.
Компанијата е фокусот на јавноста последниве години поради милионските тендери кои ги добива, претежно од РЕК Битола, а за Марковски се знае многу малку.
Засега нема официјална потврда за информацијата од надлежните институции, а истата индиректно ја потврдија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во чии рамки работи РЕК Битола, од каде велат дека ниту еден член од актуелното раководство не е инвловиран во истрагата, ниту пак е приведен.
Од таму велат дека се приведени лица од поранешното раководство на РЕК Битола, а постапката што ја водат надлежните органи се однесувала на дејствија и одлуки донесени во претходниот период, пред сегашното раководство да ја преземе функцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСИ
Фото: ЕСМ