Убава вест: Нема активни пожари на територијата на државата, заминуваат словенечките тимови и хеликоптерот „блек хок“

Нема активни пожари на територијата на државата, информираат од Центарот за управување со кризи.

Словенечкиот тим од 61 пожарникар специјализиран за гаснење на шумски пожари со 18 возила се враќа за Словенија. Утре ќе замине и чешкиот хеликоптер „блек хок“ со седумчлена посада.

Пожарот на планината Готен е исто така ставен под контрола, изгаснат е и од радовишката и од беровската страна.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести