Маж од Скопје ја убил неговата 31-годишна поранешна партнерка и нејзиниот 74-годишен татко, а потоа се самоубил во нивната куќа во Велес, информираа вчера од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска (15.09.2025) во 15:30 часот во СВР Велес е пријавено е дека на ул.,,Кочо Рацин“ во Велес е пронајдено женско лице со повреди од остар предмет. На местото излегоа полициски службеници и констатираа дека се работи за Р.К. (31) од Велес, која од Итна медицинска помош е пренесена во болницата во Велес, каде што е констатирана смрт.
Веднаш потоа, во домот на нејзиниот татко на истата улица, пронајден е починат и татко и К.К. (74) , кој исто така, имал повреди од остар предмет. Во домот со повреди од остар предмет пронајден е и И.С. (39) од Скопје, поранешен партнер на Р.К., за кој според првичните информации постои сомнение дека ги нападнал двајцата, по што сам се повредил. Откако е пренесен во болницата во Велес и кај него е констатирана смрт.
Увид врши јавен обвинител заедно со увидна екипа СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот,“ велат од СВР Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојно убиство и самоубиство се случило во Велес
Фото: Unsplash