Како работел Уготур во првото полугодие

Уготур АД Скопје во првите шест месеци од годинава остварил добивка од 933 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните приходи остварени во овој период изнесуваат 1.554 илјади денари и истите бележат пад во споредба со истиот период во 2024 година. Во рамки на вкупните приходи доминанатно учество имаат оперативните приходи со износ од 949 илјади денари.

Вкупните расходи изнесуваат 621 илјади денари и истите бележат пад од 58% во споредба со истиот период 2024 година. Финансиските расходи изнесуваат 0 денари, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести