Како резултат на циклонска активност за време на ноќта, како и во текот на утрешниот ден се најавуваат обилни врнежи во крајните јужни и југоисточни делови на земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Се очекува зголемен водостој на реките и суводолиците во јужните и југоисточните делови на земјата во текот на утрешниот ден.
Доколку се остварат прогнозите за количините на врнежи кои засега се најавуваат за крајните јужни и југоисточни погранични делови и доколку обилните врнежи навлезат подлабоко на територијата на земјата, на места можни се и локални излевања,“ се вели во соопштението.
Фото: Unsplash













