Денеска претпладне ќе се задржи многу топло време, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во деновите од викендот ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за 5-7 степени во споредба со денешните.
Од понеделник дневните температури повторно ќе бидат во постепен пораст.
Фото: Unsplash