УХМР со предупредување за невреме: Попладне обилен дожд и силен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса денеска попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облално и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.

Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер, локално над 60 км/час.

Во Скопје слично време, во делови од котлината, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести