ЕУ ќе и даде заем на Украина од 90 милијарди евра без камата, нема да ги користи замрзнатите руски средства

Лидерите на Европската унија (ЕУ) синоќа во Брисел, Белгија, се договорија да и дадат на Украина заем од 90 милијарди евра, без камата.

За оваа намена нема да се користат замрзнатите руски средства, кои Унијата ќе ги држи замрзнати додека Русија не ја обештети Украина.

Парите се за покривање на воените и буџетските потреби на Украина за следните две години.

Унгарија, Словачка и Чешка, пак, ќе го одобрат користењето на буџетот на ЕУ за финансирање на Украина, сè додека не мора да дадат согласност за гаранции за кредитот.

Според конечниот текст на договорот, гаранциите на ЕУ за кредитот „нема да имаат влијание врз финансиските обврски“ на овие три земји.

Голем дел од приближно 210 милијарди евра руски замрзнати средства се наоѓаат кај белгиската финансиска институција „Еуроклеар”.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести