Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спровеле инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава, информираа од таму.
Спроведени биле 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување.
Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни се изречени за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле една парична казна и донеле пет решенија со наредба за нивно отстранување.
Фото: Unsplash