Еден од најголемите паневропски дисконти со широка понуда, Pepco, ќе ги отвори своите први продавници во Македонија во средината на следната година, најавија од таму.
Првите продавници на брендот, присутен во 18 земји, (меѓу кои и Хрватска, Словенија, Бугарија и Грција), ќе бидат отворени во Скопје.
Брендот нуди производи за домот и гардеробата по поволни цени цени, од декор и кујнски основи до детска облека и облека за возрасни.


Pepco управува со самопослужни продавници со просечен продажен простор од 500 м², и во големи и во средни градови.
Повеќе информации може да најдете на официјалниот веб-сајт – pepco.mk.
Фото: Pepco