Уставен едногласно ја отфрли иницијативата на Левица за Упатството на ААВМУ

Уставниот суд денеска едногласно донесе одлука да не поведе постапка по иницијативата на Левица за поништување на Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година, донесено од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски на денешната прес-конференција рече дека Судот ценел три клучни околности за таквата одлука.

„Три околности беа релевантни за Уставниот суд да ја донесе оваа одлука. Подносителот на иницијативата на 29. септември 2025 година го оспори Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025 година. Околност што ја ценеше Судот, беше тајмингот за одлучувањето по овој предмет и трета околност беше уставно-судската практика“, рече тој посочувајќи дека упатството е подзаконски акт што не може да го измени законот и дека Агенцијата постапила во целосна согласност со своите надлежности.

Претходно и Основниот граѓански суд и Управниот суд исто така ја отфрлија тужбата на Левица против ААВМУ и барањето за привремена мерка со која ќе се стопира примената на Упатството и доставувањето на извештаите за платено политичко рекламирање до Државната изборна комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Управниот суд ја отфрли тужбата на Левица за поништување на Упатството на ААВМУ

Левица со претставка до КСЗД за утврдување групна политичка дискриминација, Уставниот суд оформи предмет за Упатството за радиодифузерите за локалните избори на ААВМУ

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести