Денеска беше востоличен новиот Митрополит на Дебарско-кичевската епархија, Георгиј,
Божествена Литургија со Хиротонија и Востоличување на новиот Митрополит Георгиј се одржа во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид.
Митрополит Георгиј се завети дека работа според каноните на светата црква, со најголема послушност ќе извршува она што му е заповедано имајќи ги предвид секогаш вистината и правдата.
„Сето тоа ќе го правам според мојата совест, без да робувам на лицемерноста и да бидам роб на страстите, но секогаш ќе го имам на ум единствениот Божји суд, со искрена љубов кон Бога и кон ближните.
Се заколнувам со живиот Бог дека секогаш ќе ги имам на ум неговите зборови – проколнат да биде секој онај што нема да го извршува Божјото дело. И дека во сите работи поврзани со мојот позив како со дела Божји нема да бидам мрзлив туку ќе бидам вреден и ќе работам со сите мои сили,“ рече меѓу другото митрополитот Георгиј.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Игумен Георгиј избран за Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Фото/Европска епархија-Фексбук