Утре автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред

Утре по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), кој што воедно е и нераборен ден автобусите на Јавното сообраќајно препријатие (ЈСП) Скопје ќе возат по неделен возен ред, информираат од таму.

Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на Транспортен центар и Зелен пазар.

Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Од ЈСП информираат дека согласно со Одлуката за линиски превоз на патници во град Скопје, јавниот превоз ќе функционира по делничен зимски возен ред.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести