Утре почнува реконструкцијата на Општата болница во Кочани, одморалиштето во Пониква за рехабилитација на повредените ќе биде подготвено до крајот на неделата

Новата в.д. директорка на Општата болница Кочани, докторката Катерина Паниќ Мирчовска денеска најави дека од утре започнува реконструкцијата на болницата, а истата ќе почне од Одделот за физикална медицина и рехабилитација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катерина Паниќ Мирчовска е нов в.д. директор на Општа болница Кочани

Таа на прес-конференција најави и дека одморалиштето во Пониква во кое ќе се прави рехабилитација и ресоцијализација на повредените во пожарот во Кочани ќе биде подготвено до крајот на неделата, посочувајќи дека со тоа ќе се избегнат високите дневни температури во текот на летниот период и ќе се намали потребата нивните семејства да ги носат во болниците во Кочани или во Скопје.

Повредените таму ќе имаат на располагање медицински тимови кои ќе им бидат на располагање 24 часа, а таму ќе се праќаат во групи, кои ќе ротираат на две недели.

Таму тие ќе добиваат и физикална терапија која ќе ја прават четворица физиотерапевти, ќе има медицински сестри, специјалист физијатар, а ќе ги посетуваат и психолози и психијатри.

За повредените пак кои немаат можност да добиваат рехабилитација таму веќе е адаптирана просторија за физикална медицина при Одделот за хирургија во болницата во Кочани.

Пет повредени во пожарот сѐ уште се хоспитализирани во болници во Македонија.

Освен со изгореници, има повредени со инхалаторни повреди и со психолошка траума. За некои од нив ќе треба продолжено лекување и дополнителен хируршки третман.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден е во тешка состојба: 12 повредени во пожарот во Кочани се уште на болничко лекување

Фото: архива/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести