Во сабота на 23. август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој ќе трае 20 дена односно до 11. септември на полноќ, во пресрет на локалните избори закажани за 19. октомври.
Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат писмено до подрачното одделение на Државната изборна комисија (ДИК) или месната канцеларија на подрачјето на живеење, или по електронска пошта до ДИК.
Со барањето се приложуваат и потребните докази. Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список се поднесуваат во периодот од 23 август до 11. септември.
Увид во Избирачкиот список им се овозможува и на затворениците. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, лицата во притвор или во затвор го поднесуваат преку органот надлежен за извршување на санкциите до ДИК, од 23 август до 11. септември.
Фото: Игор Бансколиев