Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

Бидејќи локалните избори ќе се повторат од почеток, поради недоволниот цензус во првиот круг, во недела на 2. ноември кога се одржува вториот круг, нема да има гласање во четири општини.

Станува збор за општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше.

Таму локални избори ќе има во рок од 60 дена од конечните резултати од годинешниве локални избори.

Во овие општини не беше постигнат потребниот цензус од 33,33% излезност од запишаните гласачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конечни резултати: Во 33 општини ќе има втор круг

Конечни се резултатите за советници во 79 општини и Советот на Град Скопје

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести