Од Вабтек МЗТ АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Друштвото добило дозвола за јавна понуда за акции.
Се работи за понуда на втора емисија на акции, вредна 154.105.000 денари или над 2,5 милиони евра.
Како што стои во јавната понуда станува збор за 49 илјади акции со продажна единечна цена од 3.145 денари.
Целта е да се постигне зголемување на капиталот и обезбедување оптимална капитализираност во наредниот период.
Јавната понуда ќе се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60% од понудените акции.
Досега друштвото има издадено 80.295 акции, чија просечна цена е 3.133 денари.