Ахмети кој е претседател на ДУИ дури 23 години, не планира да се повлече

Лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, кој е на оваа позиција дури 23 години, што е рекорд за политичар во Македонија, нема да се повлече од позицијата и политиката, оти како што изјави вчера ДУИ и коалицијата победиле во првиот круг од локалните избори.

Тој е единствениот претседател кој го имала партијата, што е исто така феномен сам по себе.

Според него ДУИ победила оти освоила 114.000 гласови на локалните избори и 159 советници, а владејачката коалиција Вреди, 91.000 гласови и 122 советници.

„Зошто да се повлечам од политиката? Еве ги резултатите. Ако може да најдете дали за 25 години Али Ахмети има еден пораз, тогаш ќе се повлечам. Дваесет и пет години победувавме, не само последниве три циклуси.

На овие избори, како на ланските, имаме синдром на Газиместан, поразените излегуваат победници. Вреди и на претходните два циклуси парламентарни и претседателски, од поразени излегоа победници.

Дали е победник тој што има 159 или 122 советници?“, рече меѓудругото Ахмети по Централно претседателство на партијата во чиј фокус беа локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Гостивар ќе се повтори првиот круг од локалните избори, оти немало доволна излезност

ДУИ и коалицијата добија четири градоначалници во првиот круг

Вреди доби пет градоначалници во првиот круг

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести