„Виз ер“ информира дека директните линии од Меѓународниот аеродром Скопје до Стокхолм, Мадрид, Прага, Бари и Ларнака се веќе достапни за резервација на wizzair.com и преку мобилната апликација Wizz, со цени што започнуваат од само 969 денари (во еден правец, со вклучени сите задолжителни такси и една рачна торба).
Од компанијата информираат дека додаваат шести авиони во својата база во Скопје, а целата флота ќе биде надградена со најсовремени авиони Airbus A321neo до крајот на оваа година. Овие промени ќе го зголемат капацитетот на авиокомпанијата за 60%, дополнително зацврстувајќи ја нејзината позиција како пазарен лидер во Македонија.
„Нашата отпорност, стратешките инвестиции и неодамна одбележаниот 15-милионити патник ја потврдуваат нашата долгорочна посветеност на Северна Македонија. Веруваме дека силен авијациски сектор е од клучно значење за економскиот развој и растот на туризмот во земјата.
Возбудени сме што отвораме врати за нови доживувања за нашите патници и со нетрпение очекуваме да пречекаме уште повеќе патници кои ја посетуваат Северна Македонија. Овие нови рути исто така ја зголемуваат поврзаноста, отворајќи ги скриените богатства на Северна Македонија за европските патници,“ вели Андрас Радо, раководител на комуникации во „Виз ер“.
„Виз ер“ во Македонија брои повеќе од 200 вработени и од таму додаваат дека „авиокомпанијата го цени препознавањето од страна на Владата на Северна Македонија дека воздухопловниот сектор има клучна улога во поддршката на економскиот раст, поврзаноста и туризмот во земјата.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Виз ер“ ќе лета од Скопје до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
Фото: ТАВ