Велешки Димко Митрев со зголемена добивка во првото полугодие

Димко Митрев АД Велес во првите шест месеци од годинава остварил нето добивка од 86 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година, истата е поголема за 16%, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 143.340 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2024 година е поголем за 18%.

По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 89%, приходите од домашен пазар со 2% и други приходи со 9%.

Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз кој редовно се наплаќаат..

Во периодот од 01.01. до 30.06.2025 година вкупните расходи изнесуваат 143.253 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2024 година се поголеми за 18%.

По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 59.438 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се зголемени за 2%.

Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 58.882 илјади денари и во однос на истиот период во 2024 година се помали за 1% и истите редовно се исплаќаат.

Во пресметковниот период од 01.01. до 30.06.2025 година вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 38.944 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 19.938 илјади денари, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести