Ветекс АД Велес во првите шест месеци од годинава остварил вкупни приходи од 210.752.060 денари, кои се повисоки за 9,2% споредено со истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
Вкупните расходи на Друштвото за овој период се 197.260.121 денари и истите се зголемени за 9,6%.
Друштвото остварило добивка од 11.642.000 денари.