(Видео) Бугарските пратеници се степаа за еврото

Вчера бугарските пратеници се степаа во Парламентот за време на расправата за воведувањето на еврото.

Инцидентот го предизвика пратеникот на проруската и крајнодесничарската „Преродба“, Цончо Ганев, партија која е трета по големина на број на пратеници.

Тој среде расправа го оттурна пратеникот на партијата „Продолжуваме со промените“, Јавор Божанков.

Претходно пратениците на „Преродба“ ја блокираа собраниската говорница, протестирајќи против влезот на Бугарија во еврозоната.

Вчера од Европската комисија информираа дека Бугарија ги исполнила условите за воведување на еврото од 1. јануари 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија од 1. јануари 2026 го воведува еврото

Според последната анкета на Комисијата од минатиот месец, дури 50% од граѓаните на земјата се против воведување на еврото.

Во организација на „Преродба“ вчера во Софија имаше и протест против воведувањето на еврото.

Фото: Унсплеш/видео: Парламент

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести