Вчера во Кочани, по 28. пат маршираа родителите и семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека, во кој загинаа 63, а беа повредени 202 лица.
Како и на претходните маршеви тие побараа правда и повикаа вистината за трагедијата да излезе на виделина.
На маршот се обрати Манта Стојменова, мајка на Спире Стојменов, кој почина во пожарот, која меѓудругото порача дека е доста од неказнивост, корупција и од молк.
Судењето за пожарот треба да почне на 19. ноември, а, предметот е распределен кај судијката Диана Груевска-Илиевска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Почина поранешниот инспектор Владо Петров, осомничен за трагедијата во Кочани
Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани














