Вчера во мотел во Тетово полицијата спречи обид за самоубиство на млада девојка.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово таа сакала да скокне од прозорец од мотелот.
Полицијата стигнала во мотелот по пријава од лицето Л.К., кој пријавил дека девојката не сакала да го напушти мотелот. Полицајците насилно ја отвориле вратата од собата и на лице место констатирале дека девојката стоела на работ на прозорецот и се заканувала дека ќе скокне или ќе се самоповреди со остар предмет кој го држела во раката.
Девојката била пренесена во Клиничката болница во Тетово, а лицето кое го пријавило случајот е лишено од слобода под сомнение за посредување на проституција.
Во полициската акција полесно е повреден еден полицициски службеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицискиот службеник кој спречи самоубиство на девојката од Тетово ќе биде награден
Фото/видео: МВР