На вчерашниот 26. по ред „Марш за ангелите“, родителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани најавија секојдневни мирни јавни собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во градот, кои ќе почнат денеска.
Причината за ваквата одлука, како што образложија, е дека судскиот процес може да трае од 10 до 15 години, на што предупредија повеќе правни експерти.
Собирите и блокадите ќе траат по еден час, а ќе се одржуваат во периодот од 15:15 до 16:15 часот, а истите ќе траат додека не почне судскиот процес.
Тие побараа да се зголеми капацитетот на судскиот состав со дополнителни судии и судски соработници за да не се одолговлекува процесот поради недостаток на ресурси, а порачаа и дека рочиштата мораат да добијат приоритет и постојано темпо, со цел постапката да тече непречено и без непотребни одложувања.
Пред неколку дена беше одобрено обвинението за трагедијата и беше избрана судијката која ќе го води судскиот процес со што се исполнети условите истиот да почне.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој се е обвинет за пожарот во Кочани
Која е судијката Диана Груевска Илиевска која ќе го суди предметот за пожарот во Кочани
Одобрено обвинението за пожарот во Кочани
Фото: Архива/Игор Бансколиев/видео: Радио Кочани