(Видео) Филпче во Берлин лобирал да не помине „современ“ пред македонски јазик во Извештајот на ЕП

Од опозициската СДСМ информираа дека нивниот лидер, Венко Филипче, денеска во Берлин, Германија, присутвувал на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), кој го искористил и за договарање билатерални средби со претставници на социјадемократските партии во Европа, за да пренесе дека не смее да помине амандманот во Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија во кој пред македонскиот јазик и идентитет се предлага да биде додадено „современ“ (сегашен/модерен).

-Извештај со амандман за додавка „современ“ пред јазикот не смее да помине. СДСМ од почетокот силно лобира и се бори амандманот за јазикот и идентитетот да не бидат дел од Извештајот, и во следните две недели ќе дадеме максимални напори да го повториме успехот од претходните години кога ваквите обиди успешно ги сопревме, порачува тој меѓудругото во видео изјава од Берлин, посочувајќи дека неговата партија е отворена и подготвена за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, да ги обединат силите и заеднички јавно да покажат кои се црвените линии за Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Политичари растрчајте се за Извештајот на ЕП за Македонија, не замарајте со глупости

„Модерна“ ЕУ има проблем со македонскиот идентитет и јазик

Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент

Фото/видео: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести