Ванс Лутер Боелтер (57) е главниот осомничен за вчерашното убиство на американската пратеничка од опозициската Демократска партија, од Минесота, Емерита Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тој се бара и за напад на државниот сенатор Џон Хофман, од истата партија, кој е ранет, а во овој инцидент е ранета и неговата сопруга.
Боелтер се уште е во бегство, а се претпоставува дека во домовите на жртвите, каде се случиле инцидентите, се преставил како полицаец.
Познато е дека работи во фирма за обезбедување, па така и ги знаел адресите на жртвите.
Пред да побегне разменил оган и со полицајци.
Видео: Meet Kevin/You tube