Легендарниот воз “Шпанец“, кој со години не вози, се враќа на пругите целосно обновен и модернизиран.
Има нов дизајн, телевизори, озвучување, алармни системи и видео надзор.
Информацијата на Фејсбук ја сподели директорот за влеча и одржување на возните средства и член на Управен одбор на Македонски железници-транспорт, Игор Коруноски, кој објави видео од пробно возење на возот.
Засега не е познато дали возот ќе влезе во редовен железнички сообраќај и на кои релации, а од претходно имаше најави дека истиот ќе биде дел од специјални тематски настани и новогодишни програми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Почна да се враќа автентичниот изглед на Железничката станица во Скопје
Фото/видео: Фејсбук/Коруноски












