Докторот Зекирија Шаини, кој е носител на листата за советници на коалицијата предводена од ДУИ за престојните локални избори за Општина Липково, во кого беше пукано пред неколку денови во Куманово, денеска изјави дека неговата сопруга Аријета Адили не била вмешана во вооружениот напад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-Целосно ги отфрлам како неосновани и невистинити тврдењата дека зад ова дело стои мојата сопруга Арјета Адили. Затоа итно барам од истражните органи да ја разјаснат ситуацијата со мојата сопруга која е вмешана во овој случај од нивна страна, почитувајќи ја нашата семејна приватност, а особено имиџот на госпоѓата Аријета Адили.
Овој случај за жал се преставува со јасна намера за моја дискредитација и на моете семејство, како и создавање збунетност и заблуда во јавноста, рече тој.
Тврди дека дека нема никакво сознание за мотивите за нападот врз него, дека нема нерасчистени сметки со никого и дека не нарушил ничиј живот, приватност или нешто друго.
Побара истражните органи да го откријат вистинскиот осомничен за инцидентот, а случајот да не се преставува како сеемен спор, бидејќи ако би било така никогаш не би живеел со својата сопруга со која имал две деца.
Министерството за внатрешни работи за нападот го сомничи лицето Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се уште е во бегство
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ранетиот доктор Шахини пуштен на домашно лекување
(Видео) Ранет кандидатот за советник на ДУИ, Зекирија Шахини
Фото: Фејсбук/Шаини