Рано изутрина Полска собори неколку руски дронови, кои летале во нејзниот воздушен простор.
Оваа е првпат земја членка на НАТО, откако почна војната во Украина, директно да дејствува против руски беспилотни летала во свој воздушен простор.
Полска активираше и свои борбени авиони, а не е познато колку дрнови летале во нејзиниот воздушен простор, колку се соборени и дали е причената поголема штета.
Земјата затвори и неколку аеродроми.
„Ова е чин на агресија што претставува реална закана за безбедноста на нашите граѓани“, објави Оперативната команда на полската Армијата на социјалната мрежа X.
Од руското Министерство за одбрана засега нема никаков коментар.