(Видео) Празни улици и погреби во Иран, додека се очекува акција од САД

Иран веќе деветти ден е без интернет и ограничена мобилна комуникација.

Никој не знае што се случува во земјата и колку загинати има во антивладините протести кои започнаа на 28. декември.

Според снимки кои некако стигнале надвор од државата се гледа дека таму повеќе не се протестира, а улиците се преплавени со сили на репресивниот режим.

Лица кои успеале да ја напуштат државата за светски агенции велат дека улиците се празни, бидејќи сите се преплашени од масакарот од страна на репресивниот режим.

На социјалните мрежи се споделуваат и видеа од погреби на загинатите на кои се повикува на пад на репресивниот режим.

Се претпоставува дека бројот на загинати е најмалку 2.500 лица.

Приведени се пак најмалку 18.000 лица.

Останува нејасно дали САД ќе интервенира воено или на некој друг начин во земјава, како што постојано најавува американскиот претседател Доналд Трамп, кој дури отворено ги повика граѓаните на Иран да протестираат и да ги заземат институциите и најави дека помошта доаѓа.

Земјите од регионот, Саудиска Арабија, Катар, Оман, Турција и Египет, се против воена интервенција на САД во Иран, предупредувајќи дека тоа би имало сериозни безбедносни и економски последици по регионот, а како што пренесуваат светските агенции имаат интензивни дипломатски разговори со САД и Иран, за да го спречат тоа.

Земјите стравуваат дека американските воени бази на нивна територија би можеле да бидат мети на иранската одмазда во случај на американски напад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

(Видео) Најмалку 2.400 убиени во протестите во Иран, бројката драматично ќе расте

Фото: Унсплеш/видео: Фејсбук/Iran International – English

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести