На 5. декември од 21 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде прикажен документарецот „К-15: Од другата страна“.
Режисер и сценарист е Ико Каров, син на еден од главните носители на К-15 и Дуо Трио – Бубо Каров.
Истиот трае 100 минути, а е во продукција на BDG Agency и Good Mood Media.
Следните термини на прикажување се 6, 7, 13 и 14. декември, исто така во МНТ.
Картите веќе се пуштени во продажба и може да се купат само нa: kupikarta.com.
Фото: Промо














