Ридителите на загинатите во пожарот во т.н. дискотека во Кочани ги повикуваат сите граѓани на марш во Скопје на 15. ноември, четири денови пред стартот на судењето за трагедијата, кое треба да почне на 19. ноември.
Истиот ќе започне во 12:05 часот од Плоштадот Македонија, ќе продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Основниот кривичен суд.
„Болката е наша, но борбата мора да биде заедничка. Нашето прво доаѓање во Скопје беше крик за видливост. Тогаш марширававме сами, додека градот молчеше. Сега ве повикуваме сите да дојдете — без посредници, без лаги, без манипулации. Ние сме родителите на ангелите и за нас единствено што остана е борбата за правда,“ порачуваат родителите меѓудругото во своето видео обраќање.
Фото: Архива/Игор Бансколиев














