(Видео) САД ја нападна Венецуела, претседателот Мадуро зарабоен и изнесен од земјата

Рано утрово САД ја нападна Венецуела.

Цел на напади беа главниот град Каракас и повеќе други области низ земјата.

Информацијата на социјалната мрежа Трут Соушл ја потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој извесно време и го најавуваше нападот.

Тој информираше дека се зарабоени и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга и дека се изнесени од земјата.

Повеќе детали Трамп ќе соопшти на прес-конференција во текот на денот.

Претходно Венецуела прогласи вонредна состојба и ја обвини САД за воена агресија, а тамошната Влада потврди дека не знае каде се Мадуро и неговата сопруга.

Трамп подолго време го обвинува Мадуро за водење меѓународна организација за трговија со дрога, а тој пак го негира тоа.

Дали причината за напад на Венецуела е трговијата со дрога, смената на власта, или тоа што е богата со нафта, ќе биде појасно во периодот што следи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ воздржана за нападот на САД на Венецуела, повикува да почитуваат принципите на меѓународното право и Повелбата на ОН

На Мадуро ќе му се суди во САД, еве за што е обвинет

Русија и даде подршка на Венецуела, ја обвини САД за вооружена агресија

Фото: Армија на САД/Фејсбук/видео: Republic World/Times Of India

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести