(Видео) „Sorry“ на Витаминка – Првата целосно AI реклама во прехранбената индустрија

Витаминка ги претстави новите вкусови за популарните бонбони „Sorry“, банана и манго, преку првата целосно создадена реклама со вештачка интелигенција (AI) на македонскиот пазар. Со оваа пионерска иницијатива, Витаминка уште еднаш ја потврдува својата улога на иноватор во индустријата и лидер во воведувањето на нови технологии, овој пат во комуникацијата со потрошувачите, велат од таму.

„Рекламата е комплетно изработена со помош на најсовремени AI алатки, кои овозможија создавање на уникатни визуелни решенија, динамична анимација и впечатливи сцени кои претходно беа тешко остварливи во традиционалната продукција. Секој сегмент, од сценографијата и карактерите, до светлото, боите и амбиентот е генериран со вештачка интелигенција, при што креативниот тим ја насочуваше технологијата за да се добие саканиот уметнички израз.

И покрај тоа што е создадена со технологија, рекламата ја доловува суштинската емотивна компонента. Брендот е изграден како симбол на искрена порака која носи блискост и топлина, а AI креативниот процес го надгради ова чувство преку впечатлива визуелна поетика и ја претставува на свеж и допадлив начин.

За Витаминка ова не е само реклама, туку стратешки чекор кој ја потврдува нејзината позиција како компанија што не се плаши да експериментира, да инвестира во иднината и да биде пред своето време. Со интеграцијата на AI во креативните процеси, Витаминка ја зацврстува својата врска со младата публика која очекува модерни и возбудливи комуникациски решенија, но и покажува дека традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака,“ се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести