Во Кочани денеска беа засадени 63 јавори во спомен на починатите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“.
Родителите на загинатите порачаа дека секој јавор претставува жив споменик, тивок знак на почит и сеќавање.
-Наместо студен камен, никнуваат дрвја што ќе растат, ќе се гранат и ќе сведочат за нивното постоење. Тоа е симбол на живот, надеж и сила — порака дека нашите деца никогаш нема да бидат заборавени, порачаа тие.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Личност на годината на еМагазин: Хероите во трагедијата во Кочани
Видео: Фејсбук/Здружение на граѓани 16 март













