Во Скопје вчера се одржа шесттата Парада на гордоста.
Членови на ЛГБТИ+ заедницата, нивни пријатели и членови на нивните семејства, активисти и граѓани маршираа против државните антиродови политики, војната во Палестина, а беше побарана и правда за Кочани.
Парадата годинава беше без забавен дел под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно“, а започна традционално од паркот Жена-борец, а продолжи пред Собранието, Министерството за образование и наука, пред Владата и улиците низ Скопје.
Во Битола пак низ Широк Сокак по четврти пат се одржа “Вистинска парада на гордоста” со порака да се зачуваат традиционалните вредности.

Фото: Фејсбук/Петковски/Фејсбук/Хелсиншки комитет за човекови права/видео: Мета